• четврток, 26 декември 2024

Медиуми: Договорот за прекин на огнот во Либан не предвидува зона на раздвојување

Медиуми: Договорот за прекин на огнот во Либан не предвидува зона на раздвојување

Тел Авив, 25 ноември 2024 (МИА) – Израелскиот ТВ Канал 12 вечерва ги објави клучните елементи од предложениот договор за прекин на огнот меѓу Израел и либански Хезболах со посредство на САД за запирање на израелската војна во Либан.

Како што е наведено, остануваат да се финализираат само мали детали.

Договорот предвидува меѓусебен прекин на огнот и израелската армија да остане во Либан до 60 дена, а да замине кога ќе биде распоредена либанската армија.

Нема да има зона на раздвојување во јужен Либан и раселените жители од тој дел од земјата ќе можат да се вратат.

Владата во Либан ќе ги провери сите набавки и производство на оружје во нејзината земја, а САД ќе предводат меѓународно тело кое ќе го надгледува спроведувањето на договорот.

Во посебен документ, САД јасно ќе соопштат дека Израел има право да дејствува секогаш кога ќе види непосредна закана од Либан.

Канал 12 објави дека имало речиси едногласна поддршка за договорот од политичари и воени претставници синоќа на безбедносните консултации со кои претседаваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

На состанокот, Нетанјаху, наводно, рекол дека договорот ќе го остави Хамас изолиран и ќе ги зголеми шансите за постигнување договор за ослободување на заложниците кои се уште се во Појасот Газа. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан