• четврток, 26 декември 2024

Евростат: Земјите од ЕУ издвоиле 6,1 отсто повеќе од своите буџети за социјална помош од претходната година

Евростат: Земјите од ЕУ издвоиле 6,1 отсто повеќе од своите буџети за социјална помош од претходната година

Брисел, 25 ноември 2024 (МИА) – Според раните проценки, вкупните трошоци за социјална заштита во Европската унија достигнаа 4.583 милијарди евра во текот на 2023 година што е зголемување од 6,1 отсто во однос на истиот период претходната година, соопшти денеска Евростат.

Заводот за статистика на ЕУ наведува дека расходите за социјална заштита претставуваат 26,8 отсто од вкупниот бруто домашен производ (БДП) на Европската унија, што претставува намалување за 0,1 процентен поен во однос на претходната година. Меѓу земјите на ЕУ, за кои беа направени проценки за 2023 година, расходите за социјална заштита како процент од БДП беа највисоки во Франција (31,3 проценти), Финска (31,2) и Австрија (29,7). Ирска (12 проценти), Малта (13,2) и Естонија (15,3).

Бенефициите за старост и болест (здравствена заштита) го сочинуваа главниот дел од бенефициите од социјалната заштита во сите земји на ЕУ, а другите категории вклучуваат инвалидитет, семејство (деца), невработеност, домување и социјална исклученост.

Расходите за социјална заштита се зголемија во текот на 2023 година во сите земји на ЕУ за кои беа објавени проценките. Најголем раст е забележан во Словачка (за 18,9 отсто во однос на 2022 година), Полска (18,4) и Унгарија (15,2), а најмал раст е забележан во Данска (2,3), Италија (3,5 отсто) и Естонија (3,8). јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан