• сабота, 23 ноември 2024

Честитка за новата година од Единствена горанска партија

Честитка за новата година од Единствена горанска партија

Тирана, 1 јануари 2024 (МИА) - Честитка по повод Новата 2024 година до македонско-горанската заедница, до сите Македонци каде и да се во светот, до сите граѓани во Косово и пошироко, упати Единствена горанска партија. 

- Од мое лично име и во име на партијата Единствена горанска партија упатувам честитки за Нова 2024 година, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Како и секогаш, Нова година носи радост во нашите домови, да ги поминеме празничните денови со радост и хармонија, да зачекориме во новата со мир во душата и мир во светот, со добра мисла, хармонија и благосостојба. Среќна и бериќетна 2024,   стои во честитката потпишана од претседателот Адем Хоџа.

Во трите последни состави на косовскиот парламент Хоџа е  пратеник од оваа партија.

Дел од областа Гора се наоѓа во крајниот југозападен дел на Косово и има 19 населени места распослани на јужниот дел на северозападната падина на Шар Планина. Областа е населена со Македонци, познати како Горани, со мајчин македонски јазик.вт/свс/

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан