Честитка Евро-атлантскиот совет за назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
- СООПШТЕНИЕ
21 ноември
Евро-Атлантскиот Совет, како прва организација во земјата, која уште од 1997 година со своето дејствување покрива специфична област, како што се евро-атлантските интеграции и промоциjа на евро-атлантската идеја и вредности во нашето општество, со огромна радост ја прими информацијата дека генералниот секретар на НАТО, г. Марк Руте ја назначи г-ѓа Радмила Шекеринска за нов заменик генерален секретар.
“Ова е огромно признание за земјата, но и за поширокиот регион на Западен Балкан. За прв пат една дама од регионот е на ваква висока позиција.
Како Алијанса на вредности и постојана коалиција на демократии, со сите политички, воени и дипломатски предности што тоа ги носи, НАТО докажува дека секоја земја членка е исклучително важна. Уште повеќе, самата одлука е само потврда дека регионот е стратешки важен за НАТО.
Огромни честитки до Радмила, за која не се сомневаме дека е правиот избор.”, изјавија од Евро-Атлантскиот Совет.
Г-ѓа Шекеринска која претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, од 2014та година е и член на Клубот на поддржувачи на Евро-Атлантскиот Совет,
“Како Евро-Атлантски Совет, заедно со нашите партнери од целиот свет, ќе продолжиме да ги промовираме евро-атлантските вредности во нашето општество, со цел унапредување на демократијата, слободата, човековите права, развојот и безбедноста на нашите граѓани.
Стоејќи заедно, ние сме посилни и побезбедни. Ние сме НАТО!”
Евро-Атлантски Совет на Северна Македонија
_________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.