• сабота, 23 ноември 2024

Часовник вреден 85.000 евра украден во Копенхаген, по четири и пол години пронајден во Атина

Часовник вреден 85.000 евра украден во Копенхаген, по четири и пол години пронајден во Атина
Атина, 5 мај 2022 (МИА) – Во ноември 2017 година, три лица ограбиле златара во Копенхаген, а меѓу пленот од вооружениот грабеж бил и рачен часовник во вредност од 85.000 евра. Четири и пол години подоцна, истиот часовник е пронајден во Атина, откако бил доставен за поправка до овластен сервис, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека по истрага на Одделот за имотни деликти и во соработка со данските власти, скапиот часовник бил пронајден во канцеларија за техничка поддршка на конкретната компанија, каде што бил оставен за поправка Часовникот бил украден за време на вооружениот грабеж на 13 ноември 2017 година во златара во Копенхаген, а сега им е предаден на данските власти и е започната прелиминарна истрага. Според грчкиот информативен портал „Ин“, до компанијата овластен сервисер, жена со потекло од Албанија го оставила часовникот на поправка, а вработените откриле дека часовникот е украден во Копенхаген и ја информирале полицијата. Жената била повикана да даде објаснувања и рекла дека часовникот го купила од Албанија за ниска цена и не ни претпоставувала дека е производ на грабеж.ср/сд/ Фото: Грчка полиција 

Остани поврзан