• среда, 24 јули 2024

Чадеш: Производството на „е-панда“ е најзначаен датум за српската економија

Чадеш: Производството на „е-панда“ е најзначаен датум за српската економија

Белград, 22 јули 2024 (МИА) – Производството на електричниот автомобил „Фиат Гранде Панда“ во Крагуевац е еден од најзначајните датуми за српската економија во изминатите неколку децении, изјави денеска претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеш.

Тој посочи дека со „електричната Панда“ во Србија доаѓа технологија, знаење и револуционерни чекори во секторот на и-мобилност (eMobility).

- Ова е сериозна промена за нас. Србија станува една од ретките земји на мапата на производители на електрични возила, а тоа треба да нè радува сите. Ова ќе ги придвижи Крагуевац и Србија на сосема поинакво ниво на развој, истакна Чадеш.

Компанијата ФЦА Србија денеска официјално ќе ја одбележи успешната реализација на проектот во фабриката Стелантис во Крагуевац – воведување нови линии за производство на електричниот модел „Фиат Гранде Панда“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан