• четврток, 25 јули 2024

Клеверли се кандидира за лидер на британската Конзервативна партија

Клеверли се кандидира за лидер на британската Конзервативна партија

Лондон, 24 јули 2024 (МИА) – Поранешниот британски министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли вчера ја објави својата кандидатура за лидер на Конзервативната партија.

Тој истакна дека може да ја „обедини Конзервативната партија“ и да ја прекине победничката серија на Лабуристичката партија предводена од премиерот Кир Стармер.

Клеверли наведе сака да ја врати довербата на Британците во Конзервативната партија и да го врати угледот на партијата како политичка сила која работи за економски раст и им помага на луѓето да ги постигнат своите цели и соништа.

Поранешниот министер за внатрешни работи е првиот кандидат за партиското раководство на поранешниот премиер Риши Сунак, а се очекуваат повеќе кандидати. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан