Ангелов во Вашингтон на состанок на НАТО Комитетот за градење отпорност
- Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, како висок национален претставник при НАТО Комитетот за градење отпорност, вчера и денеска во Вашингтон, учествува на НАТО состанок во организација на САД, каде високите национални претставници во делот на градење отпорност на земјите члеки на НАТО, ќе имаат простор за динамична размена на информации и дискусии засновани на однапред предвидени сценарија, соопшти ЦУК.
Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, како висок национален претставник при НАТО Комитетот за градење отпорност, вчера и денеска во Вашингтон, учествува на НАТО состанок во организација на САД, каде високите национални претставници во делот на градење отпорност на земјите члеки на НАТО, ќе имаат простор за динамична размена на информации и дискусии засновани на однапред предвидени сценарија, соопшти ЦУК.
-Сојузниците се обврзаа да работат на идентификување и ублажување на стратешките пропусти и меѓусебни зависности. Ваквиот тип на дискусии, засновани на сценарија, може да го подигнат заедничкото разбирање и координација при заштита на критичната инфраструктура, ланецот на снабдување но и го гарантираат континуитетот на Владата и процесот на носење ефикасни и ефективни мерки во мир, криза или војна, се наведува во соопштението.
Во јули оваа години лидерите од земјите членки на НАТО ќе учествуваат на НАТО самит во Вашингтон на кој ќе се одбележи 75-годишнината од формирањето на најуспешниот и најтрајниот сојуз во историјата. Овој самит, како што е посочено во соопштението, ќе го постави курсот за континуирано прилагодување на НАТО додека заедно ја градиме и браниме нашата иднина. дма/са/
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов