• петок, 26 јули 2024

ЦУК: Седум пожари и 1 837 повици на 112 во последното деноноќие

ЦУК: Седум пожари и 1 837 повици на 112 во последното деноноќие

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 837 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, и вкупно седум пожари на отворено и сите се изгаснати.

Како што посочуваат во соопштението од ЦУК, од овие повици, „реални“ биле  62,60 проценти, додека 37,40 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 65,83 проценти, кон Итната медицинска помош  24,45 проценти, a кон пожарникарите  4,71 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

-Инаку, имало 906 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (5,01 проценти) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (44,25 проценти). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), потенцираат од ЦУК.

Вчера имало седум пожари на отворено, сите се изгаснати од пожарникарите и утрово активни нема.

Пожарите на отворено беа во општините Бутел, на улица „Александар Урдаревски“ (ѓубре), Гази Баба, покрај улицата „Зендел Џемаили“ (ѓубре), меѓу општините Бутел и Шуто Оризари, покрај улицата 2 Визбегово (ѓубре), Прилеп, кај селото Ерековци и во атарото на селото Канатларц (ниска вегетација и стрниште), Струмица, кај селото Дабиле (депонија, ниска вегетација и стрниште), Василево, покрај регионалниот пат Струмица - Радовиш (ниска вегетација) и во Општина Чешиново – Облешево, кај селото Жиганци (ниска вегетација).

Инаку, како што појаснуваат од ЦУК, пожарот на отворен простор на запалена ниска вегетација покрај регионален пат Струмица - Радовиш во близина на село Василево во Општина Василево, беше гаснет речиси во текот на целиот ден, од од 09.44 до околу 23.00 часот со вкупно седум пожарникари, едно ПП возило и едно теренско возило. Пред неговото целосно гаснење, околу 22.00 беше сопрен сообраќајот во двата правца на дел од регионалниот пат и имаше пренасочување на сообраќајот на таа делница по стариот паралелен пат. 

-Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи, се вели во соопштението на ЦУК.бт/ев/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан