Црвен крст одбележува 78 години постоење, собрани над 960 илјади евра за настраданите подрачја во Турција и Сирија
- Продолжуваме да ја покажуваме нашата солидарност на дело преку помошта која ја обезбедуваме за настраданите подрачја во Турција и Сирија. Добра е веста дека досега се собрани над 960 илајди евра помош за настраданите подрачја, а целта е да се стигне до еден милион евра, нагласи премиерот Димтиар Ковачевски на денешниот настан по повод одбележување на 78 години постоење на Црвениот крст на Република Северна Македонија кој годинава е посветен на хуманоста и солидарноста со настраданото население во Турција и Сирија.
Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Продолжуваме да ја покажуваме нашата солидарност на дело преку помошта која ја обезбедуваме за настраданите подрачја во Турција и Сирија. Добра е веста дека досега се собрани над 960 илајди евра помош за настраданите подрачја, а целта е да се стигне до еден милион евра, нагласи премиерот Димтиар Ковачевски на денешниот настан по повод одбележување на 78 години постоење на Црвениот крст на Република Северна Македонија кој годинава е посветен на хуманоста и солидарноста со настраданото население во Турција и Сирија.
Премиерот посочи дека Владата издвои околу 100 илјади евра за помош на настраданите, при што беа задолжени повеќе институции за испраќање тимови и други типови помош.
-Минатата година донесовме и одлука за одобрување буџетски средства во износ од 243 илјади евра за Црвениот крст како финансиска помош за делување при итни состојби. Во рамки на општата помош годинава донесовме одлука за финасирање на годишната програма на Црвен крст за која е предвиден износ од над 130 илајди евра, како и средства за обезбедување на трошоци за проектни активности од близу 98 илјади евра и срества од над 32 илајди евра за реализација на проект за одмор за деца од социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст за 2023, истакна Ковачевски.
Тој својот говор го заокружи со пораката на првото движење на хуманост што се формира во Женева, Швајцарија.
-Да го спречиме и ублажиме човековото страдање, како и да го заштитиме здравјето, да обезбедиме почит и достоинство на човековото битие, особено во време на вооружени конфликти, несреќи и катастрофи и да работиме на превенција на болести, да поттикнеме доброволно ангажирање и постојано подготвени за давање помош како универзално чувство за солидарност и хумансот, нагласи премиерот.
Турскиот амбасадор во земјава изрази благодарност до македонскиот народ потенцирајќи дека веднаш се мобилизиравме во овие тешки и тажни денови на Турција.
-Обединети во едно срце, јавните институци, невладиниот сектор, бизнис заедницата, образовните институции, млади и возрасни, сите помогнаа за настраданите од погодените региони. Не може да ги вратиме назад изгубените животи, но со сета можна сила ќе работиме на закрепнување на раните на оваа природна катастрофа. Одново ќе ги изградиме разурнатите градови и училиша, истакна амбасадорот.
Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити нагласи дека хуманоста не се кажува, туку покажува и докажува, таа не се импровизира туку до срце се практикува. Нашите граѓани, како што потенцира, докажаа хуманост на дела изминатиот период и сочувство со населението во Турција и Сирија.
-Животот често е исполнет со болка, тага, незадоволство, тешкотии и не тера да рамзислиме дали има причина и колку може да бидеме хумани и човечни, но останува за миг да заборавиме на себе и да помислиме на другите, само така ќе ја дознаеме потребата од тоа да се биде добар. Многу поблиску до човековата природа се добрите дела, а не злото и затоа не смееме да веруваме дека живееме во нехумано општество. Во нарендиот период продолжуваме да рбаотиме на обезбедување подостоинствен живот на оние на кои им е потребна поддршка, рече Саити. мс/сх/
фото/МИА архива