• четврток, 26 декември 2024

Царинска управа: Националниот едношалтерски систем се имплементира со вклученост на сите институции

Царинска управа: Националниот едношалтерски систем се имплементира со вклученост на сите институции

25 ноември 2024 

Имплементацијата на Националниот едношалтерски систем ќе овозможи подобрување на условите за водење бизнис и забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ. Притоа во процесот на имплементација на системот од клучно значење е активна вклученост на највисоко ниво на сите 15 институции коишто се вклучени во процесот на издавање на дозволи, лиценци и сертификати. Целта е компаниите да добијат подобри услуги преку целосна дигитализација и отстранување на бирократските процедури, како и намалување на трошоците и времето на чекање потребно за завршување на извозните и увозните постапки.

Ова беа клучните пораки на денешниот состанок на Управувачкиот комитет за Национален едношалтерски систем, што на иницијатива на директорот на Царинска управа Бобан Николовски беше одржан во Царинската управа. На состанокот беа присутни директори и високи претставници на 15 институции, претставници на Светска банка како финансиери на проектот и претставници од конзорциумот.

Националниот едношалтерски систем ќе овозможи компаниите на едно место да ги поднесуваат барањата и документите до повеќе владини агенции коишто се вклучени во прекуграничната трговија. Притоа новиот систем ќе овозможи целосна дигитализација на процесите на издавање дозволи и лиценци и нивно плаќање. 

Воедно системот ќе придонесе за поедноставување на процедурите, намалување на времето и трошоците за водење бизнис како и зголемување на транспарентноста. Истовремено преку колективно користење на податоците од страна на институциите, ќе се овозможи унапредување на анализата на ризик и зголемување на безбедноста. 

Царинска управа 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан