• петок, 08 ноември 2024

Царинска управа - МИФА: Партнерски ќе создаваме стратегии и методи за олеснување на потребите на компаниите

Царинска управа - МИФА: Партнерски ќе создаваме стратегии и методи за олеснување на потребите на компаниите

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Преку партнерски однос ќе создаваме стратегии и методи за олеснување на легитимните потреби на компаниите, но и заеднички ќе преземаме мерки за превенција, санкционирање и неселективна борба против корупцијата во сите редови, порачаа на денешната средба претставниците од Царинската управа и од Македонската асоцијација на мегународни шпедитери и логистички оператори (МИФА).

Според нив, како што се наведува во соопштението на Царинската управа, соработката со деловната заедница е клучен фактор за градење доверба и подобрување на конкурентноста на економијата.

Претставниците од Царинската управа беа предводени од директорот Бобан Николовски, а претставниците на МИФА од претседателот на Асоцијацијата Џино Шкријељ.

Николовски ги слушна барањата на претставнците на Асоцијацијата, како едни од засегнатите страни во царинската постапка. 

-Со преземање конкретни мерки и регулативи согласно заеднички интереси, ќе дојдеме до зајакнување на интегритетот, забрзување и олеснување на царинските постапки и помали трошоци за деловната заедница. Од заеднички интерес е и воведувањето целосна автоматизација на процесите, што треба да доведе до зголемена ефикасност и ефективност во работењето. Клучните принципи и вредности кон кои ќе се стремиме во периодот кој претсоти се професионалност, одговорност и чесност, кои треба да обезбедат високо ниво на доверба во јавноста, вакви средби континуирано ќе се одржуваат со цел заеднички да го менуваме менталитетот и лошите навики на сите чинители во царинските постапки, истакна Николовски.

Претседателот на Асоцијацијата Џино Шкријељ ја поздрави иницијативата на Царинската управа и најави целосна поддршка при спроведувањето на реформите во работењето.

Асоцијацијата ги обединува шпедитерите и логистистичките оператори кои овозможуваат копнен, авионски, поморски и комбиниран транспорт како и царинење и логистички услуги. мч/ац/

Фото: Царинска управа

 

Остани поврзан