• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Меџити да излезе од својата канцеларија и да го реши проблемот со дивите депонии

Левица: Меџити да излезе од својата канцеларија и да го реши проблемот со дивите депонии

Скопје, 8 ноември 2024

Ова позади мене е најголемата дива депонија во Македонија се простира на седум хектари и се наоѓа во Општина Шуто Оризари, на само неколку километри од центарот на градот.

Овој монструм позади мене континуирано расте. Советниците на Левица - Град Скопје, како и Зелен сектор, поднесоа барања до Град Скопје, Државен инспекторат за животна средина, како и Општина Шуто Оризари, да пратат надлежни лица и инспектори, да увидат што се случува на оваа локација.

Бараме итна реакција од надлежните институции да се казнат тие што ја предизвикале оваа состојба и да се тргне од оваа локација. Дополнително, бараме од Министерот за животна средина и водостопанство - Изет Меџити, да излезе од својата канцеларија и да ги согледа состојбите во Македонија.

Македонските граѓани секојдневно се соочуваат со еколошки катастрофи, од запалени депонии до загаден воздух, загадени реки и езера. Тој ако не знае да се справи со овие катастрофи, време е да си поднесе оставка, затоа што не се во опасност само природните живеалишта, туку и здравјето на луѓето.

 

Прес-конференција на Андреј Куцуловски - Координатор на Левица - Зелен сектор

ПП Левица 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан