• сабота, 23 ноември 2024

ДУИ: За членови на Советот на обвинители се предлагаат сопартијци на Меџити од Влен 

ДУИ: За членови на Советот на обвинители се предлагаат сопартијци на Меџити од Влен 

Скопје, 8 ноември 2024


Демократската унија за интеграција остро реагира на обидот за брутална партизација на судството и обвинителството преку партиски интервенции во советот на обвинители. 

За член на советот на обвинители е предложен Ардијан Демири, член на Демократското движење на Изет Меџити.

Ова е неприфатливо и претставува флагрантно партиско мешање во судските и обвинителските органи. 

Пратениците да не прифаќаат партизација на обвинителскиот совет, додека ги повикуваме граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница да реагираат на изборот на партиски кандидати за членови на обвинителскиот совет. 

Европската Унија будно ги следи одлуките на Владата и на собранието и овие постапки не оддалечуваат од Европа и европските вредности и не враќаат во заробена држава.

 

Демократска унија за интеграција 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан