Хуманитарниот настан „Новогодишен сон“ на плоштадот кај Чинарот во Охрид
- Општина Охрид и Општинската организација на Црвениот крст денеска напладне на плоштадот „Крушевска република“ ќе ја одржат хуманитарно-забавната манифестација „Новогодишен сон“.
Охрид, 18 декември 2024 (МИА) – Општина Охрид и Општинската организација на Црвениот крст денеска напладне на плоштадот „Крушевска република“ ќе ја одржат хуманитарно-забавната манифестација „Новогодишен сон“.
Настанот има за цел да ја поттикне креативноста, хуманоста и солидарноста кај децата од основните училишта, но и возрасните, преку изработка на најразлични новогодишни украси и предмети што ќе бидат истакнати за продажба. Секој купен производ ќе биде во игра за некоја од предвидените симболични награди.
Средствата собрани од оваа хуманитарна продажна акција ќе бидат наменети за разубавување на Новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.
Инаку, во забавниот дел од настанот, со музички точки ќе настапат ученици од второ и трето одделение од основните училишта во општина Охрид, а присутен ќе биде и Дедо Мраз. аб/дма/
фото/плакат