• петок, 23 август 2024

Хрватското здружение на новинари ја повика владата да ги декриминализира делата против честа и угледот

Хрватското здружение на новинари ја повика владата да ги декриминализира делата против честа и угледот

Загреб, 21 август 2024 (МИА) – Хрватското здружение на новинари (ХНД) денеска ја повика Владата да ги декриминализира сите дела против честа и угледот, а со отстранување на тие дела од Кривичниот законик, притисокот на тужбите, особено на СЛАПП тужбите (стратешки тужби против јавно дејствување) против новинари и медиуми, рече претседателот на ХНД Хрвоје Зовко на прес-конференција во Загреб.

Тој додаде дека ХНД го поздравува формирањето на експертски групи кои се занимаваат со СЛАПП, но оти барањето на ХНД останува исто, се вели во соопштението на здружението.

- Доколку Владата, посебно го истакнувам Министерството за култура и медиуми, како и Министерството за правда, се грижат за намалување на судскиот прогон на новинарките, новинарите и медиумите, а ние сме најлоши во Европа по сите параметри, особено во категоријата судии како обвинители, тогаш ќе ги декриминализираат споменатите дела, рече Зовко.

Тој нагласи дека е јасно оти целта на ваквите тужби е да се заплашат и финансиски да се уништат новинарите.

Инаку, станува збор за тужби иницирани од политички или економски моќници со цел да се замолчат или обесхрабрат критичарите, претежно новинари или невладини организации.

Зовко заклучи дека многубројните тужби и гонења против новинари, во комбинација со влошувањето на работниот статус, пониските плати, разните договори меѓу издавачите и рекламните корпорации, даваат моќно погонско гориво што доведува до колапс на новинарските и медиумските слободи. јт/

Фото: ХНД

Остани поврзан