Хохштајн: Ситуацијата во Сирија ќе го ослаби Хезболах
- Американскиот пратеник за Блискиот Исток Амос Хохштајн изјави дека ситуацијата во Сирија дополнително ќе ја ослабне либанската милитантна група Хезболах, бидејќи е отежната доставата на оружје од Иран.

Вашингтон, 7 декември 2024 (МИА) - Американскиот пратеник за Блискиот Исток Амос Хохштајн изјави дека ситуацијата во Сирија дополнително ќе ја ослабне либанската милитантна група Хезболах, бидејќи е отежната доставата на оружје од Иран.
Хохштајн зборуваше на Форумот во Доха, кој се одржува во Катар од 7 до 8 декември.
Денеска, во Доха се одржува и состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Иран и Русија, посветен на ситуацијата во Сирија. ссм/
фото: архива