• недела, 18 август 2024

Хезболах се одмаздува за нападот на Либан: Истрелавме проектили кон Израел

Хезболах се одмаздува за нападот на Либан: Истрелавме проектили кон Израел

Бејрут, 17 август 2024 (МИА) - Либанската проиранска група Хезболах соопшти дека истрелала низа ракети врз области во северниот дел на Израел како одмазда за нападот врз Вади ал-Кфур во кој загинаа и беа ранети претежно сириски цивили. Извори на Хезболах соопштија дека областа Ајелет Хашахар, на северот на земјата, денеска за прв пат била цел на напад.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека биле истрелани 55 проектили.

По сирените што се активираа непосредно пред тоа во областа Ајелет Хашахар во северен Израел, беа идентификувани приближно 55 проектили од Либан, од кои некои паднаа на отворени области, соопшти ИДФ. Нема информации за повредени.

-Како резултат на проектилите истрелани кон Израел, избувнаа повеќе пожари во областа и израелските противпожарни и спасувачки служби сега оперираат на местото на настанот за да ги изгаснат, објави ИДФ. Претходно, „еден војник на ИДФ беше тешко повреден, а друг војник беше полесно повреден утрово од проектил кој влегол од Либан и паднал во областа Мисгав Ам, додаваат од ИДФ.

Војниците се евакуирани во болници. Десет лица загинаа во израелски воздушен напад врз област во јужен Либан, меѓу кои и две деца, објавија денеска државните медиуми и либанското Министерство за здравство. Мнозинството од убиените се сириски државјани, соопшти Министерството. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан