• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Хаџар ќе вози за Алфа Таури на тренинг пред ГН на Мексико Сити

Хаџар ќе вози за Алфа Таури на тренинг пред ГН на Мексико Сити

Рим, 25 октомври 2023 (МИА) - Алфа Таури потврди дека јуниорот на Ред Бул, Исак Хаџар ќе учествува на тренингот во Формула 1 со тимот од Фаенца.

На петочните тренинзи пред Големата награда на Мексико Сити, Хаџар ќе го вози болидот на Јуки Цунода. Првиот задолжителен тренинг за млади пилоти за Алфа Таури го спроведе Ник де Вриј на воведната етапа од сезоната. Во тоа време Холанѓанецот имаше статус на новодојденец, бидејќи имаше помалку од две Гран При зад себе.

Деветнаесетгодишниот француски возач е на 14. место во Формула 2. Минатата сезона Хаџар заврши на четвртото место во Формула 3. зс/

Фото: Формула 2

Остани поврзан