• петок, 05 декември 2025

Магдебург нов европски шампион во ракомет

Магдебург нов европски шампион во ракомет

СергекКелн, 15 јуни 2025 (МИА) – Ракометарите на Maгдебург вечрва во Келн го победија Фуксе Берлин со 32:26 во финалето на Лигата на шампионите.

Новиот шампион се насетуваше уште по првото полувреме по предноста на Магдебург со четири гола (16:12)

Фуксе Берлин не успеа да ги обедини трофеите од Бундеслигата и од елитната Лига на шампиони.

Најзаслужен за победата на Магдебург е голманот Сергеј Ернандез со 18 одбрани.

За Магдебург ова е петта титула европски шампион.

Во дуелот за 3. место, Нант со 30:25 ја совлада Барселона која го бранеше трофејот на Фајналфор турнирот во Келн. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан