• петок, 05 декември 2025

Мартинез во преговори со Манчестер јунајтед

Мартинез во преговори со Манчестер јунајтед

Манчестер, 15 јуни 2025 (МИА) - Манчестер јунајтед е во преговори со голманот на Астон вила, Емилијано Мартинез, за ​​потенцијален трансфер.

Како што објави „ESPN“, премиерлигашот го гледа 32-годишниот голман како главен кандидат за замена на Андре Онана.

Во сезоната 2024/25, Мартинез прими 61 гол и имаше 16 средби со чиста мрежа на 53 натпревари за Астон вила во сите натпреварувања. Неговиот договор со тимот е со важност до 30 јуни 2029 година.

Мартинез е шампион на Светското првенство во 2022 година, како и двократен освојувач на трофејот „Лав Јашин“ (2023 и 2024 година). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан