• сабота, 27 јули 2024

Хамилтон и Леклер дисквалификувани по Големата награда на САД

Хамилтон и Леклер дисквалификувани по Големата награда на САД

Остин, 23 октомври 2023 (МИА) - Возачите на Мерцедес и Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер се дисквалификувани по трката за Големата награда на САД одржана синоќа, објавено е на веб-страницата на Формула 1.

Болидите на Хамилтон и Леклер не успеаја да поминат технички прегледи по финишот. Таканаречените лизгачки даски под дното на автомобилите не ги почитувале прописите. 

Ферари и Мерцедес го објаснија прекршувањето на правилата поради нерамна патека.

Во согласност со одлуката на судиите, Хамилтон го загуби второто место на крајот на трката, Леклер - шестото. По оваа одлука Ландо Норис се искачи на втората позиција, Карлос Сајнц стана третопласиран.

Победник на трката во Остин беше Макс Верстапен од Ред Бул. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан