• сабота, 23 ноември 2024

Хамилтон: Има денови кога ми доаѓа

Хамилтон: Има денови кога ми доаѓа

Лондон, 20 август 2024 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон кој следната сезона ќе ја продолжи кариерата во Ферари, изјави дека ќе се натпреварува во Ф1 се додека се чувствува способен да демонстрира доволно голема брзина. 

- Има денови кога си велам дека навистина не знам уште колку можам да издржам. Има денови кога мислам дека ми треба пауза затоа што не сум бил на одмор и затоа што за разлика од другите спортови, Ф1 ги нема тие паузи. Имате многу малку време за одмор.

Затоа, треба да се обидете да ја развиете вистинската стратегија и редослед на активности. Дали ќе дојде момент кога веќе нема да сакам доволно да се тркам? Се надевам дека овој момент никогаш нема да дојде - во смисла дека никогаш нема да престанам да ги сакам трките. Но, во одреден момент ќе сфатам дека ќе треба да престанам.

Сакам да бидам сигурен дека навистина ќе го дадам најдоброто од себе додека можам и да уживам во Ф1 максимално, изјави Хамилтон.

Британецот е седумкратен светски шампион во Формула 1 шампионатот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан