• сабота, 27 јули 2024

Хамас најави ослободување на неколку руски заложници

Хамас најави ослободување на неколку руски заложници

Газа, 29 ноември 2023 (МИА) - Висок функционер на Хамас најави дека денеска ќе бидат ослободени „неколку“ Руси, заложници на палестинското движење кое ги држи во Појасот Газа од 7 октомври, пренесуваат странските агенции.

Палестинската исламска организација Хамас во неделата го ослободи Рон Кривој, Русин, кој има и израелско државјанство, во знак на благодарност до рускиот претседател Владимир Путин за „поддршката на палестинската кауза“.

Како што изјави неименуваниот функционер, ослободувањето ќе биде „надвор од рамките на договорот за прекин на огнот“ меѓу Израел и Хамас, а со тоа и без компензација - ослободување на Палестинците од израелските затвори.

Од почетокот на прекинот на огнот во петокот, Хамас ослободи 81 заложник, главно израелски државјани, а Израел ослободи 180 затворени Палестинци. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан