• понеделник, 23 декември 2024

Халанд е на прагот да стане најдобар стрелец во историјата на Норвешка: Му требаат уште два гола

Халанд е на прагот да стане најдобар стрелец во историјата на Норвешка: Му требаат уште два гола

Осло, 10 септември 2024 (МИА) - Голот што го постигна во 80. минута од натпреварот против Австрија во второто коло од Лигата на нации на УЕФА е врв во кариерата за Ерлинг Халанд кога е во прашање националниот тим и тој е на прагот да го израмни рекордот на легендарниот Јирген Јуве.

Имено, најдобриот стрелец во историјата на оваа скандинавска земја постигна 33 гола на 45 натпревари во периодот од 1928 до 1937 година, што значи дека на напаѓачот на Манчестер Сити му недостасува само еден гол за да го израмни овој рекорд.

Сепак, како дел од оваа приказна, треба да се потсети дека споменатиот број на голови Јуве го постигна на 45 натпревари, додека Халанд одигра десет помалку, а има само 24 години.

Исто така, покрај 32 постигнати гола, најдобриот играч на Норвешка постигна и три асистенции, што значи дека на 35-те одиграни натпревари за репрезентацијата директно учествувал во исто толку голови.

Во тековната сезона, неверојатниот Норвежанец постигна осум гола за репрезентацијата на својата земја и Манчестер Сити, а одигра само шест официјални натпревари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан