• вторник, 24 декември 2024

ФФМ домаќин на развоен турнир на УЕФА

ФФМ домаќин на развоен турнир на УЕФА
Скопје, 2 мај 2022 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од утре до недела ќе биде домаќин на развоен турнир на УЕФА за фудбалери до 16 години на кој противници на „црвено – жолтите“ ќе им бидат репрезентациите на Таџикистан, Косово и Хондурас. Македонската репрезентација во првото коло, утре од 11 часот, ќе игра против Таџикистан, по што следуваат дуелите со Косово, в четврток, 16 часот, и Хондурас на 8 мај со почеток во 11 часот. Натпреварите од развојниот турнир ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и стадионот на Македонија Ѓ. П. Селекторот на младата селекција на Македонија до 16 години, Вујадин Станојковиќ за претстојниот турнир се одлучи да ги повика следните фудбалери: ГОЛМАНИ: Славе Вргов (Академија Пандев), Спаско Ахтаров (Македонија Ѓ.П.) ОДБРАНА: Филип Митев (Академија Пандев), Андреј Велков (Академија Пандев), Анес Мелиќи (Шкендија), Никола Стојковски (Шкендија), Андреј Љубевски (Работнички); СРЕДЕН РЕД: Мартин Јованови (Македонија Ѓ.П.), Никола Манојлов (Работнички), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Дарио Јакимовски (Македонија Ѓ.П.), Фљакрон Мемиши (Шкендија), Валентин Бчажевски (Њу Старс), Дарко Сековски (Вардар), Максимилијан Димитриевски (Борусија Минхенгладбах, Германија), Даниел Коцев (Работнички), Аљмир Подграѓа (Работнички); НАПАД: Мухамед Елмас (Работнички), Алин Алији (Вардар), Стефан Младеновски (Вардар). ег/дма/

Остани поврзан