Панатинаикос, Олимпијакос, Ефес и Хапоел го надминаа финансискиот лимит
- Грчките клубови Панатинаикос и Олимпијакос, турски Анадолу Ефес и израелски Хапоел Тел Авив ги надминаа дозволените финансиски лимити во кошаркарската Евролига за оваа сезона, објави денеска шпанскиот весник Марка.
Мадрид, 15 април 2026 (МИА) – Грчките клубови Панатинаикос и Олимпијакос, турски Анадолу Ефес и израелски Хапоел Тел Авив ги надминаа дозволените финансиски лимити во кошаркарската Евролига за оваа сезона, објави денеска шпанскиот весник Марка.
Евролигата оваа сезона за прв пат воведе правила за финансиска рамнотежа, еден вид „ограничување на платите“, моделирано според НБА лигата, а целосната имплементација на системот е планирана за сезоната 2027/28.
Финансискиот извештај покажува дека четирите клубови ги надминале максимално дозволените лимити оваа сезона.
Панатинаикос ќе мора да плати најголем износ на обесштетување, нешто повеќе од три милиони евра. Ефес ќе издвои повеќе од еден милион, Хапоел речиси еден милион, а Олимпијакос околу 300.000 евра.
Како преодна мерка, за сезоните 2025/26 и 2026/27, финансиските казни се ограничени на максимум 10 проценти од вкупните плати на играчите.
Вкупната казна, нешто повеќе од 5,4 милиони евра, ќе биде рамномерно распределена меѓу 15. клубови што ги исполнија финансиските критериуми, што значи дека секој од нив ќе добие околу 362.500 евра.
Единствено францускиот Асвел нема да добие дел од средствата поради неисполнување на минималните финансиски услови. ег
ФОТО: ЕПА