• недела, 19 април 2026

Алкараз се повлече од турнирот во Барселона поради повреда

Алкараз се повлече од турнирот во Барселона поради повреда

 

Барселона, 15 април 2026 (МИА) – Второрангираниот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкараз, се повлече од турнирот во Барселона поради повреда на десниот зглоб, објавија денеска организаторите.

Алкараз се повреди за време на победата во првото коло над Финецот Ото Виртанен со 6-4, 6-2, но и покрај болката – успеа да го заврши натпреварот. Во второто коло требаше да игра против Чехот Томаш Мачак.

„За жал, нема да можам да продолжам на овој турнир. За време на дуелот почувствував како ми попушта зглобот. По тестовите, видовме дека повредата е посериозна отколку што сите очекувавме и морам да го слушам своето тело. Со голема тага морам да си одам дома за да го започнам моето закрепнување што е можно поскоро со мојот тим, лекарите и физиотерапевтот и да се обидам да бидам што е можно поздрав за турнирите што ме очекуваат“, објави 22-годишниот Алкараз, кој двапати победи во Барселона (2022, 2023), а загуби во ланското финале.

Се очекува Алкараз да се врати на теренот за на турнирот во Мадрид што стартува на 22 април.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан