• сабота, 23 ноември 2024

Франција привремено ја повлече својата амбасадорка од Азербејџан заради „консултации“

Франција привремено ја повлече својата амбасадорка од Азербејџан заради „консултации“

Париз, 17 април 2024 (МИА) - Франција ја отповика својата амбасадорка во Азербејџан Ан Бојон „на консултации“, се наведува во вчерашното соопштение на француското Министерство за надворешни работи, во кое се нагласува дека во последните месеци Баку презел „еднострани дејствија кои им штетат на односите“ со Париз.

Претседателот Емануел Макрон „разговараше со нашата амбасадорка за ова прашање“. „Тој изрази жалење за постапките на Азербејџан и изрази надеж дека азербејџанската страна ќе ги разјасни своите намери“, се додава во соопштението на француското МНР.

Односите меѓу Франција и Азербејџан се влошија во последните месеци, а шефот на азербејџанската држава Илхам Алиев го критикуваше Париз за поддршката на Ерменија во територијалниот спор меѓу Ереван и Баку. ссм/

фото: архива

Остани поврзан