• петок, 05 декември 2025

САД ја обвинија Кина на седницата на СБ на ОН за поттикнување на руската агресија во Украина

САД ја обвинија Кина на седницата на СБ на ОН за поттикнување на руската агресија во Украина

Њујорк, 25 јули 2025 (МИА) - Вршителката на должноста амбасадор на САД во ОН, Дороти Ши, денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН ја обвини Кина за поттикнување на руската агресија во Украина, додека заменик-кинескиот амбасадор во ОН, Генг Шуанг, го обвини Вашингтон дека се обидува да ја префрли вината и да предизвика конфронтација.

Ши ги повика сите земји, особено Кина, да престанат да извезуваат стоки со двојна намена во Русија, бидејќи таквите стоки наводно се користат во руската воена индустрија.

„Тврдењето на Пекинг дека имплементирал строга контрола врз извозот на стоки со двојна намена е поткопано од секојдневното откривање на компоненти произведени во Кина во беспилотни летала, оружје и возила што ги користи Русија против Украина“, рече Ши. зш/

Остани поврзан