• сабота, 23 ноември 2024

Форум за филантропија 2024

Форум за филантропија 2024

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи Форум за филантропија 2024. Форумот е дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од Конект во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право ЕЦНЛ, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.

Од УСАИД информираат дека овој модуларен настан ги обединува институциите, бизнисите и граѓанските организации, како и сите кои имаат влијание на филантропијата за да ja стават во функција на одржлив развој.

-Филантропијата е делување што создадава повеќе можности, партнерства и нови модели на засилена соработка што поттикнуваат раст на патот кон одржливиот развој. Унапредување на стратешката филантропија е наша мисија, а сите ние заедно имаме своја улога. Со говорници од  Албанија, Косово, Македонија, Србија и Хрватска дознајте за регионалните перспективи на Балканот и националните улоги на бизнисите, ГО и медиумите, заеднички ќе обмислиме решенија за стратешка филантропија, ќе ги засилиме партнерствата и ќе учиме од новите меѓународни трендови, се наведува во најавата за Форумот.

Како што посочуваат од УСАИД, присутните ќе имаат можност на Форумот да се запознаваат и за прв пат да донираат на нивната нова платформа за донирање „Оп-оп“.фф/aa/

Фото: УСАИД

 

 

 

Остани поврзан