• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Формула 1 може да има втора трка во Кина

Формула 1 може да има втора трка во Кина

Шангај, 26 март 2025 (МИА) - Шефот на Мерцедес, Тото Волф, потсети на малку заборавената идеја од неодамнешното минато на Формула 1 - дека Кина, која е исклучително важен пазар за сите учесници во светскиот шампионат, треба да биде домаќин на две трки во една сезона. Формула 1 кампањата сега вклучува 24 тркачки викенди годишно, од кои 3 се во САД, а битката на таканаречените „традиционални патеки“ во Европа со новите и егзотични дестинации во календарот станува се потешка.

Шангај е домаќин на Кинеското ГП откако спортот влезе во земјата, при што враќањето на трките во Формула 1 е многу тешко со оглед на строгите ограничувања на Ковид во државата, но сега интересот повторно се зголемува.

-Бев на стартната мрежа и ги гледав преполните трибини на стартно-целната права и на првиот свиок. Кинеските навивачи имаат импресивно познавање на Формула 1. Можеме ли да организираме втора трка таму? Мислам дека одговорот треба да биде да. Тоа е една од најголемите економии во светот и ентузијазмот таму е многу силен, изјави Волф за новинарите во Кина. 

До крајот на минатата сезона, Кина имаше редовен возач во Формула 1 – Гуанју Џоу, а сега тој е резервен возач на Скудерија по неговото време во Заубер како редовен возач. дс

Фото: Архива

Остани поврзан