• недела, 21 јули 2024

Фон дер Лајен по телефонскиот разговор со Бајден: ЕУ и САД се соочуваат со заеднички предизвици

Фон дер Лајен по телефонскиот разговор со Бајден: ЕУ и САД се соочуваат со заеднички предизвици

Брисел, 21 јули 2024 (МИА) - ЕУ и САД се соочуваат со заеднички предизвици, изјави Урсула фон дер Лајен, која пред неколку дена беше реизбрана за претседател на Европската комисија, откако синоќа телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, јави ДПА.

Бајден ѝ честиташе на Фон дер Лајен за почетокот на нејзиниот втор мандат како шеф на извршната власт на ЕУ, а двајцата лидери разговараа за поддршката за Украина и за напорите за подведување на Русија под одговорност за нејзината агресија, се вели во соопштението за печатот на Белата куќа.

Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс напиша дека ЕУ и САД се соочуваат со заеднички предизвици во Европа, Блискиот Исток и Индо-пацифичкиот регион.

Таа додаде дека Брисел и Вашингтон се „партнери, пријатели и сојузници“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан