• среда, 27 ноември 2024

Израел почна да ги вакцинира своите војници во Газа против детска парализа

Израел почна да ги вакцинира своите војници во Газа против детска парализа

Ерусалим, 21 јули 2024 (МИА) - Израел почна да ги вакцинира своите војници во Газа против детска парализа и да снабдува вакцини за палестинското население, откако здравствените агенции соопштија дека вирусот е пронајден на територијата.

Армиските власти започнаа „широка операција за вакцинација за сите копнени трупи, и редовни и резервни“, се вели во денешното соопштение.

Армијата не даде бројка за бројот на вклучени војници, но се наведува дека илјадници редовни и резервисти војници се борат во војната, која беснее по нападите на Хамас на 7 октомври.

Агенциите на ОН оваа недела соопштија дека Глобалната лабораториска мрежа за детска парализа открила полиовирус тип 2 во шест примероци од животната средина собрани на 23 јуни. Министерството за здравство на Израел соопшти дека дошло до слични наоди. Не се пријавени случаи на заболени луѓе.

Израелската армија соопшти дека исто така работи со други организации за доставување вакцини за населението во Газа и досега се испорачани 300.000 вакцини.

Со вирусот се заразува со пиење загадена вода.

Во исто време, израелската армија денеска упати повици до голем број припадници на ултраортодоксната заедница за зајакнување на редовите на армијата, што може дополнително да ги засили тензиите меѓу религиозните и секуларните Израелци. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан