• среда, 02 октомври 2024

Фонсека: За да го победиме Баер треба да бидеме совршени во одбраната

Фонсека: За да го победиме Баер треба да бидеме совршени во одбраната

Леверузен, 1 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Милан, Пауло Фонсека ги сподели своите очекувања за натпреварот од 2. коло од генералната фаза на Лигата на шампионите против Баер.

- Ќе биде слично како на натпреварот против Ливерпул. Треба да бидеме уште посилни во одбраната и тимот веќе се подобри во овој сегмент. Ова е добар тест за нашите способности. За да победите тим како Баер Леверкузен, треба да бидете совршени во одбраната. На натпреварот со Ливерпул во одбраната направивме многу грешки, но понекогаш не бевме доволно прецизни во нападот. Изгледавме добро на последните натпревари од Серија А, но ова е сосема поинаку во споредба со Лигата на шампионите. Ги слушнав зборовите на Чаби Алонсо и не би сакал да бидеме тим кој игра дефанзивно и се потпира на контранапади. Ние не сме такви и не сакаме да бидеме такви, изјави Фонсека за клупскиот сајт на Милан.

Натпреварот Баер Леверкузен - Милан ќе се игра вечер со почеток во 21 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан