Флик: Ја сакаме титулата и мора да се бориме за неа
- Тренерот на Барселона, Ханзи Флик пред утрешното гостување на тимот кај Мајорка изјави дека „блауграна“ ја сака титулата и екипата мора да се бори за неа.
Барселона, 2 декември 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханзи Флик пред утрешното гостување на тимот кај Мајорка изјави дека „блауграна“ ја сака титулата и екипата мора да се бори за неа.
-Тимот вложува напори, игра и создава шанси за гол. Најдобро е што ноември заврши и декември започна, изјави тој, имајќи предвид дека тимот освои само еден бод од можни 9 во последните 3 натпревари.
Според него, Барселона не се брани добро.
-Мораме да научиме, ние сме најмладиот тим во Ла Лига. Кога натпреварите стануваат тешки, не смееме да се предадеме, туку да се браниме како блок“, убеден е стручњакот.
Тој исто така призна дека сите противници добро си ја вршат работата и ја скаутираат играта на Барселона.
-Многу нешта се случија со Лас Палмас и не сакам да звучи како оправдување и да се жалам. Тимот можеше да победи, ние не го направивме тоа и затоа има толку голем притисок. Но, мораме повторно да бидеме фокусирани. Секогаш има причина кога примате голови, а тоа е начинот на кој се браниме, убеден е Германецот. дс
Фото: Архива