Флик останува во Барселона до 2027 година
- Барселона и Ханси Флик постигнаа начелен договор за продолжување на соработката, а договорот наскоро ќе биде официјално објавен. Каталонскиот клуб му понуди на Германецот нов договор до летото 2027 година со подобрени финансиски услови

Барселона, 12 април 2025 (МИА) - Барселона и Ханси Флик постигнаа начелен договор за продолжување на соработката, а договорот наскоро ќе биде официјално објавен. Каталонскиот клуб му понуди на Германецот нов договор до летото 2027 година со подобрени финансиски услови.
Актуелниот договор на Флик истекува во јуни 2026 година, но раководството, предводено од Жоан Лапорта, е решено да изгради долгорочен проект околу него. За да даде согласност, Флик постави неколку услови - тој инсистира на обновување на договорите со клучните играчи како Жил Кунде, Френки де Јонг, Ерик Гарсија и Рафиња.
Клубот е подготвен да ги исполни барањата, а главен камен на сопнување е Френки де Јонг. Холанѓанецот има договор до 2026 година, но моментално одбива да преговара за нов.
Покрај тоа, Барселона планира да го засили составот, со Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. Брзоногиот крилен напаѓач има ослободителна клаузула од 60 милиони евра, но други клубови се во конкуренција за неговиот потпис. Арсенал веќе понуди поголема плата, обидувајќи се да го привлече во Лондон. дс
Фото: Архива