• четврток, 29 август 2024

Флик: Олмо ја направи разликата во второто полувреме против Рајо Ваљекано

Флик: Олмо ја направи разликата во второто полувреме против Рајо Ваљекано

Мадрид, 28 август 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик го посочи засилувањето Дани Олмо како клучен играч во победата над Рајо Ваљекано.

Каталонците синоќа како гости забележаа победа со 2:1 во 3. коло на Шпанското фудбалско првенство.

- Првите минути од натпреварот не одеа како што сакавме. Немаше притисок и не се справивме добро со топката. Барселона беше многу подобра во вториот дел. Мислам дека трите бода се фер резултат. Во второто полувреме добро ја контролиравме топката и причината беше што Дани Олмо беше на теренот. Тој е многу добар со топката и во пресинг без топка. Тој ја направи разликата во вториот дел. Ќе го анализираме целиот натпревар во пресрет на саботниот натпревар. Сега имаме максимални девет бода, но работата се уште не е завршена. Треба уште да се подобруваме, изјави Флик.

Барселона е лидер во поредокот во Ла Лига со 9 бода, Рајо Ваљекано е на 8. место со 4 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан