• сабота, 23 ноември 2024

Фекална мрежа и пречистителна станица за отпадни води во Смилковци

Фекална мрежа и пречистителна станица за отпадни води во Смилковци
Скопје, 31 мај 2020 (МИА) - Фекална мрежа и пречистителна станица за отпадни води ќе добие населеното место Смилковци. Како што соопшти денеска Општина Гази Баба, овој проект ќе го реализира со грант од Светска банка кој ќе чини околу 18.300.000.00 денари. -Овој проект е само уште еден со кој покажуваме дека водиме сметка за потребите на граѓаните во руралните средини кои повеќе од 20 години чекаа да добијат основни услови за живот, наведува Општината. Оттаму посочуваат дека со реализацијата на проектот „Изградба на секундарна фекална мрежа и пречистителна станица за отпадни води во населено место Смилковци" жителите повеќе нема да се мачат со септички јами, туку ќе добијат современи услови.бт/мд/

Остани поврзан