• понеделник, 23 декември 2024

Современи дизјанери ќе изложуваат уникатни дела на Дизајн маркет во „Јавна соба“

Современи дизјанери ќе изложуваат уникатни дела на Дизајн маркет во „Јавна соба“

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Уникатно дизајнирани уметнички парчиња од 25 македонски модерни ракотворци ќе бидат изложени денеска и утре на Дизајн маркетот во „Јавна соба“. Посетителите ќе имаат можност да погледнат и купат парчиња рачно изработен накит, маици со оригинални принтови, воздушни билки, керамички и дизајни изработени од дрво, различни аксесоари, облека со автентични детали...

Продуктите, како што се наведува, се оригинални, со потпис од познати македонски ракотворци: Монкдолс, Витрум Студио, Вудис, Ларго, Елена Ристовска, Ваша мала башта, Епокси, Солар Криешнс, Панорамикс, Мамка, Игнеа Козметикс, Цип/Ред, Гаиа, Слога, Зен Зил, Монозеро, Кејт Стардаст, Глигор Кузмановски, Добро ми стои, Блум, Сербез, Стичми везење, Сираледер, Азсу Аксесориз и Софија Огњановска.

Овој настан е во рамки на „Скопје дизајн вик“, кој завршува в недела со забава во Литертура.мк во Дајмонд мол со DJ Дарко Марковски.

„Скопје дизајн вик“ е дел од европската мрежа на манифестации за дизајн во друштво на „Миксер“ од Белград, „What Design Can Do“ од Амстердам, „Барселона дизајн вик“ и Австрија „Дизајн“. Сите платформи во фокус ја ставаат Зелената агенда и еко дизајнот на идните млади дизајнери под мотото „Next Gen Design“.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и Европската комисија.

Влезот за сите посетители е бесплатен. мд/са/

Фото: плакат

Остани поврзан