• сабота, 23 ноември 2024

Федералниот апелационен суд ја потврди пресудата на Стив Банон

Федералниот апелационен суд ја потврди пресудата на Стив Банон

Вашингтон, 10 мај 2024 (МИА) - Федералниот апелационен суд во Соединетите Држави ја потврди пресудата на Стив Банон, поранешен главен советник на Доналд Трамп, за неисполнување на поканата на Конгресната комисија која го истражуваше упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година, објавија денеска британските медиуми.

Банон беше осуден на четири месеци затвор во 2022 година по две точки од обвинението за непочитување на Конгресот затоа што одби да предаде документи или да сведочи пред комисијата на Претставничкиот дом што го истражуваше упадот во Капитол. Но, не му беше одреден притвор додека траеше жалбата.

Стив Банон е клучна фигура на американската десница. Тој во Апелација тврдеше дека во текот на судењето не му било дозволено да ги изнесе клучните аргументи во своја одбрана и дека неговиот адвокат му рекол дека не мора да го исполни барањето во поканата што му била испратена. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан