• петок, 22 ноември 2024

Федералните резреви ја намалија каматната стапка за четвртина процентен поен

Федералните резреви ја намалија каматната стапка за четвртина процентен поен

 
Вашингтон, 7 ноеври 2024 (МИА) Федералните резерви на САД ја намалија  референтната каматна стапка за четвртина процентен поен, и ова второ намалување годинава e знак дека американските регулатори сметаат дека инфлацијата конечно е под контрола.
 
Стапката е намалена во опсег од 4,5 до 4,75 проценти.
 
Потегот на Фед доаѓа само неколку дена по изборот на Доналд Трамп за нов претседател на Америка и во момент кога американската економија е пред суштински промени.
 
Џером Пауел, претседател на Фед, на денешната прес-конференција изјави дека победата на Трамп нема да влијае врз политките на банката.
 
-Кракторочно, изборите нема да имаат никакви ефекти врз нашите политички одлуки, рече Пауел. „Ние не шпекулираме и не претпоставуваме.“
 
Централната банка на Америка работи независно од Белата куќа, што значи дека ги поставува каматните стапки без одобрување од претседателот или администрацијата. За да ја заштитат таа независност, функционерите на Фед се обидуваат да не разговораат за политика, пишува „Њујорк тајмс“.
 
Но, тие можеби ќе треба да го разгледаат прашањето за тоа како претседателството на Трамп може да ја промени економската перспектива во следните месеци и години, бидејќи тоа може да влијае врз исходот на нивните две официјални цели: одржување на бавна и стабилна инфлација и силен пазар на труд. Во изминатите месеци Фед остварија напредок во тоа.
 
Инфлацијата нагло се зголеми после пандемијата, почнувајќи од 2021 година и достигна врв во 2022 година, но од тогаш се намалува. Според најновиот извештај, речиси се вратила на нормално ниви: цените во септември пораснаа за 2,1 процент, малку над поставената цел на Федералните резерви. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан