• сабота, 23 ноември 2024

ФА бара поголема казна за Клоп за неговото однесување на натпреварот против Манчестер сити

ФА бара поголема казна за Клоп за неговото однесување на натпреварот против Манчестер сити
Лондон, 5 ноември 2022 (МИА) - Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) одлучи да поднесе жалба на санкциите што ги воведе независната дисциплинската комисија против тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, поради неговото однесување на натпреварот од 11. коло на Премиер лигата против Манчестер сити. Германскиот фудбалски стручњак е казнет со 34.000 долари поради недолично однесување кон судиите на средбата. ФА смета дека оваа казна е премногу блага. По 12 одиграни кола, Ливерпул има 16 бодови и се наоѓа на 10. место на табелата во Премиер лигата. зс/

Тагови

Остани поврзан