• петок, 27 декември 2024

Утре почнува првиот „Струмица класика интернационален фестивал“

Утре почнува првиот „Струмица класика интернационален фестивал“
Струмица, 1 јуни 2022 (МИА) - Од утре до 9-ти овој месец во Струмица, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржува првиот „Струмица класика интернационален фестивал“, на кој освен солистичка музика, најголемиот дел од програмата ќе биде посветен на камерната музика. Идеен творец и селектор на фестивалската програма е професорот Васил Атанасов, кој на денешната прес-конференција истакна дека идејата потекнала од група професионални музичари од Филхармонијата, Опера и колеги од Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица. -Целта на фестивалот е да ги претставиме врвните македонски уметници кои ја негуваат камерната музика, но и гости од соседните земји, Европа и пошироко. Струмица е град со традиција и историско културно наследство од сите сфери, град кој ја сака музичката уметност, театарот, филмот, сликарството и културата воопшто и има убава традиција на културни настани. Со овој фестивал сметаме дека ќе го збогатиме културното живеење на Струмица и регионот, бидејќи градот го заслужува тоа не само заради традицијата која ја има, туку и заради местоположбата на градот со соседите со што ќе стане уметнички центар на Балканот, рече Атанасов. Фестивал утревечер ќе го отвори Гудачкиот квартет „Симфонета“ од Бугарија, а во наредните денови ќе настапат камерни музичари од земјава и странство. Фестивалот е финансиски поддржан од градоначалникот и Советот на Општина Струмица.рт/бт/

Остани поврзан