• вторник, 24 декември 2024

Успешно се спроведува проектот за бесплатно пливање за кумановските ученици

Успешно се спроведува проектот за бесплатно пливање за кумановските ученици

Куманово, 23 март 2023 (МИА) - Успешно се имплементира проектот на општина Куманово, бесплатно пливање за кумановските ученици во комплексот базени, оценија денеска претставници од Советот на општината, Секторот за образование, општинскиот сојуз на спортови и на училишниот спорт. Месечно на базенот се рекреираат околу 2.000 основци и средношколци пливачи.

Надлежните најавија и обуки за наставниците коишто во наредниот период би работеле со учениците-непливачи. За реализација на проектот, општината преку Советот обезбеди седум милиони денари на годишно ниво.

- Од 20 основни училишта, 17 ги користат овие поволности, не користат само три подрачни училишта поради превозот, но ќе видиме со Секторот за образование како тоа може да се регулира. Во наредниот период се очекува обука за наставници за деца кои се непливачи. Мој апел е особено децата кои имаат искривен, деформитет на рбетот и воопшто кој има деформитети и поради користење на телефони, и на компјутери и од наставата, да се пријават, затоа што пливањето е еден спорт кој го опфаќа целото тело. Особено апелирам децата со попреченост кои мислам дека во овој процес се опфатени, меѓутоа ако не се пливачи, не се опфатени, да дојдат преку таа обука што ќе ја имаат наставниците, да учествуваат во една воннаставна активност што ја обезбедува општина Куманово, изјави претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска.

Во еден термин има од 80 до 90 ученика, учениците пливаат во претпладневните и попладневните часови од 09-11 и од 14 – 17 часот.

-За професорите ќе организираме семинар за пливање и за ватерполо тренери, да се дообучат наставниците за подобро да работат со учениците непливачи, изјави претседателот на општински училиштен спорт Куманово, Ивица Ѓорѓиевски.

Од градскиот базен апелираа учениците да ја одржуваат хигиената во комплексот и да не го оштетуваат инвентарот.

- Отворениот базен ќе работи во летните услови, по завршување на школската година до први септември, изјави директорот на ЈП „Куманово паринг“ Сашо Петрушевски. Ова претпријатие менаџира со комплексот.

Тој кажа дека бројот на ученици е двојно зголемен и дека коплекост го користат и неколкуте пливачки клубови и рекреативци од градот.

Проектот за бесплатно користење на базен за ученици почна во февруари годинава. ад/мд/

Фото: Принтскрин 

Остани поврзан