Уругвај – Бразил дерби на четвртфиналето на Купот на Америка
- Репрезентацијата на Бразил не успеа да ја совлада Колумбија ноќеска во Санта Клара во последното коло од Д-групата на фудбалскиот куп на Америка 2024 година. По нерешените 1:1, Бразилците завршија на 2. место на табелата и „налетаа“ на Уругвај во четвртфиналето.

Санта Клара, 3 јули 2024 (МИА) – Репрезентацијата на Бразил не успеа да ја совлада Колумбија ноќеска во Санта Клара во последното коло од Д-групата на фудбалскиот куп на Америка 2024 година. По нерешените 1:1, Бразилците завршија на 2. место на табелата и „налетаа“ на Уругвај во четвртфиналето.
Двојки за четвртфиналната фаза на Копа Америка.
Аргентина - Еквадор (5 јули)
Венецуела - Канада (6 јули)
Колумбија - Панама (7 јули)
Уругвај - Бразил (7 јули). зс/
Фото: ЕПА