Сијарто: Поедини лидери на НАТО сакаат Украина да ја продолжи војната против Русија „не само до последниот војник, туку и до последниот млад човек“
- Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто соопшти дека поедини лидери на НАТО сакаат Украина да ја продолжи војната против Русија „не само до последниот војник, туку и до последниот млад човек“.
Будимпешта, 4 декември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто соопшти дека поедини лидери на НАТО сакаат Украина да ја продолжи војната против Русија „не само до последниот војник, туку и до последниот млад човек“.
По денешниот состанок на НАТО зад затворени врати во Брисел, тој изјави дека барањата на Алијансата Украина да го намали старосниот праг за нови регрути се „шокантни и крајно опасни“.
„Наместо да се намали старосната граница за регрутација, транспорт на оружје и обука, треба да се зборува за мир, прекин на огнот и преговори“, напиша Сијарто на Фејсбук.
Тој претходно изјави дека меѓународната заедница мора да преземе мерки против прогонот на христијаните на Блискиот Исток, со оглед на влошената ситуација во Либан и Сирија.
„Унгарија продолжува да ги поддржува христијанските заедници во Либан и ги одржуваме нашите програми за обновување на христијанските цркви, помош на христијанските заедници и функционирање на христијанските институции“, рече Сијарто. рп/
Фото: МИА архива