• четврток, 16 јануари 2025

ОН: Борбите на северот на Сирија раселија над 115.000 лица

ОН: Борбите на северот на Сирија раселија над 115.000 лица

Дамаск, 4 декември 2024 (МИА) – Над 115.000 лица се раселени во Сирија како резултат на последните борби, изјави заменик-регионалниот координатор на ОН за Сирија, пренсен од француските медиуми.

На северот на Сирија, бунтовниците, предводени од исламистите, спроведуваат голема офанзива, во која досега ги освоија вториот по големи град Алепо и се на приодите на главниот град на соседната провинција Хама.  

„Помина една недела од интензивирањето на конфликтот во Сирија, повеќе од 115.000 луѓе се раселени во Идлиб и северен Алепо“, рече претставникот на ОН по посетата на Идлиб, град кој се наоѓа во северозападна Сирија и е упориште на бунтовничките групи.сд/

фото:УНХЦР

Остани поврзан