Романија беше цел на руски агресивни хибридни напади за време на изборите, тврди разузнавачката служба
- Романската разузнавачка служба соопшти дека Георгеску бил широко промовиран на социјалната мрежа ТикТок, користејќи сметки, алгоритми за упатување и платени промоции, пренесуваат британските медиуми. Георгеску изјави дека не потрошил пари на кампања на социјалните медиуми.
Букурешт, 4 декември 2024 (МИА) - Романскиот Национален совет за безбедност ги декласифицира разузнавачките документи во кои се наведува дека земјата била цел на „агресивни руски хибридни напади“ за време на изборниот период.
Романците во недела ќе гласаат во вториот круг од претседателските избори, на кој ќе избираат меѓу Калин Георгеску и Елена Ласчони.
Романската разузнавачка служба соопшти дека Георгеску бил широко промовиран на социјалната мрежа ТикТок, користејќи сметки, алгоритми за упатување и платени промоции, пренесуваат британските медиуми.
Георгеску изјави дека не потрошил пари на кампања на социјалните медиуми.
Безбедносната служба, исто така, соопшти дека податоците за пристап до официјалните романски изборни веб-страници биле објавени на руски платформи за кибер криминал и дека најверојатно биле добиени со целни напади на легитимни корисници или искористување на безбедносните дупки на официјалните сервери.
Воедно, за време на изборите биле идентификувани над 85.000 кибер напади врз изборните системи.
Русија негираше какво било мешање во романската изборна кампања.
Романската разузнавачка служба соопшти дека „нападите интензивно траеја, вклучувајќи го и денот на изборите и ноќта по изборите“. сд/
фото:МИА архива