• сабота, 23 ноември 2024

Украинската армија соопшти дека соборила руски борбен авион, Русија тврди дека напредува во источна Украина

Украинската армија соопшти дека соборила руски борбен авион, Русија тврди дека напредува во источна Украина

Киев, 5 октомври 2024 (МИА) - Украинските сили објавија дека денеска собориле руски борбен авион, додека Русија тврди дека постигнала напредок во источна Украина.

Руски авион Су-25 бил соборен во близина на градот Константинивка, во областа Доњецк, изјави шефот на воената администрација на градот, Сергиј Горбунов, за украинската јавна телевизија. Објавените фотографии прикажуваат остатоци од авион, откако се урнал врз куќа, предизвикувајќи пожар.

Од своја страна, руските сили објавија дека денеска го зазеле селото Желане Друе, исто така во Доњецката област.

Доколку оваа информација се потврди, тоа значи дека селото паднало под руска контрола само три дена по повлекувањето на украинските сили од градот Угледар, кој се наоѓа на околу 33 километри оддалеченост, каде повеќе од две години се водеа жестоки борби.

Иако загубата на Угледар е малку веројатно дека драстично да го промени текот на војната, таа укажува на влошувањето на позицијата на украинската армија, делумно како резултат на одбивањето на САД да дозволат на Киев да изведува удари длабоко во руската територија, што спречува Украина да ја уништи руската воена моќ, забележуваат американски медиуми. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан